Папазов: Во Кочани ќе формираме постојан економски совет од проверени професионалци на волонтерска основа со цел развој на локалната економија

Сакам да ве потсетам дека изостана вистинската и неопходна помош на државно и локално ниво на најпогодените дејности од бизнис секторот, изјави за медиумите, Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани.

Ја потенцираше поддршката која дојде од бизнис опкружувањето во Кочани и изрази задоволство од досегашниот начин на соработка.

„Ви ветувам дека како градоначалник на Кочани ќе биде формиран постојан економски совет од проверени и докажани професионалци на волонтерска основа за развој на локалната економија и отворање на нови работни места. Нивото на соработка и комуникација ќе го издигнеме на отворени врати за сите предлози, идеи и решенија“, истакна Папазов.