Папучите на Черчил продадени за 32.000 фунти

Папучите кои своевремено ги носел поранешниот британски премиер Винстон Черчил, се продаден на наддавање на аукциската куќа Bellmans во Лондон за 32.000 фунти.

Станува збор за темносини сомотски папучи од 50-те години на минатиот век.

Првично било проценето дека ќе достигнат цена меѓу 10.000 и 15.000 фунти, но цената скокнала за повеќе од двојно поради војна со понудите кои доаѓале од Велика Британија и САД.

На крајот победник бил купувач од Велика Британија кој сакал да остане анонимен, соопшти портпаролот на аукциската куќа Bellmans.

На истото наддавање е продадена и чашата за коњак од која пиел Черчил од почетокот на 1960-те години, за 15.000 фунти, што исто така е повеќекратно повеќе од претпоставената вредност. И во овој случај новиот сопственик е од Велика Британија.

Семејството на Черчил двата предмета ги продаде преку аукциската куќа Sotheby’s во јули 1998 година, кога ги купи сегашниот продавач.

Винстон Черчил е легендарниот британски воен премиер, а должноста ја извршувал и во еден повоен мандат. Почина во 1965 година, на 90-годишна возраст.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.