Парагвајскиот претседател заразен со денга треска

Парагвајскиот претседател Марио Абдо Бенитес

Парагвајскиот претседател Марио Абдо Бенитес заболел од денга треска, изјави министерот за здравство Хулио Масолени за телевизијата ABC.

Шефот на латиноамериканската држава се чувстувал лошо, со зголемена температутра од 38,5 степени и имал други симпотими, по што лекарите утврдиле дека станува збор за денга, која во моментов се шири во Парагвај.

„Што се однесува до здравјето на претседателот, тој е генерално во добра состојба, ги имаме разултатите од анализите, тие потврдуваат дека претседателот е болен од денга“, изјавил министерот Масолени.

Додал дека и покрај тоа, претседателот Бенитес продолжува со секојдневните активности со мали ограничувања.

Од почетокот на 2020 година во Парагвај се регистрирани 94 случаи на зараза со денга треска во седум региони. Досега се потврдени два смртни случаи од заболувањето и уште 12 кои се сомнителни и поврзани со денга треската.

Денга треската е опасна вируска болест која е честа појава во регионите со суптропска и тропска клима. Главните носители на денга треската се комарците Aedes aegypti, а доколку нема пренесувачи, болното лице не е опасно за околината. Симптомите на заболувањето се висока температура, гадење,осипи, главоболки и лумнална болка. Хеморагичната варијанта е придружена со сериозно внатрешно крварење предизвикано од пукање на крвните садови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.