Пари и цигари украдени од продавница во центарот на Скопје

2.300 денари и околу 100 кутии разни марки цигари биле украдени вчера од продавницата „Агровита-мак“ на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над вработената, при што и ги одзеле парите и цигарите, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 10.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.