Пари од концесија пријавил како дневен промет

Триесет и двегодишниот И.П. од Нов Дојран, кој е сопственик и уравител на „Филишлан“ доби кривична пријава бидејќи изготвил лажни парагон блокови за остварена продажба на риби.

Тој изготвил 23 невистинити парагон блокови за остварена продажба на риби. По ова фискалната каса ја однел за поправка со цел да се изврши промена на фискалната меморија, за да прикрие 466.000 денари уплатени од М.П., согласно договорот за меѓусебна соработка за уплата на третина од вкупниот износ од концесијата за користење на Дојранското езеро, а пријавениот паричните средства ги прикажал како остварен дневен пазар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.