Паричките кај сопругите на Мицкоски и Заев, а и Пендаровски и Спасовски се радуваа

57

Лепче со паричка традиционално синоќа се кршело и во домовите на политичарите. Кај лидерите на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на СДСМ Зоран Заев паричката паднала кај нивните сопруги Рози и Зорица.

-Паричката падна кај сопругата, изјави Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Во семејството Пендаровски најсреќен бил претседателот на државата. Вели дека не било наместено.

-Беше регуларно, не беше наместено, така што останува оваа година заедно со моите најблиски, со моето семејство ќе продолжиме да веруваме во вистинските вредности, со почит кон другите, солидарни кон останатите и да се трудиме да бидеме подобри луѓе, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Синоќа среќа имал и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

-По неколку години, годинава паричката на Бадник, повторно се падна кај мене , рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Голем дел македонски семејства вклучително и политичари лепче со паричка кршат за Василица.

Според народните обичаи паричката се чува во вино и се верува дека на оној на кој му се паднала ќе го следи среќа и бериќет цела година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.