Парична казна за директорот и училиштето во Радовиш

Казна од 1.600 евра за правното лице и 1.120 за директорот на училиштето во Радовиш каде беа вршени верски обреди, најави државниот просветен инспекторат.

Директорот на државниот инспекторат за Сител вели дека и градоначалникот на општината ќе добие укажување да го смени раководното лице на основното училиште .

Тој  вели дека одлуките се донесени,  а одговорноста за овој случај ја има директорот.

Осуда пристигна и од директорот на Комисијата за односи меѓу верските заедници, кој го оцени настанот како недозволиво однесување на поединци. Даријан Сотировски порачува дека секуларноста мора да  биде разберена на вистински начин и да му биде гарантирана на секое дете.

Ифтарска вечера по повод Рамазан беше послужена во училиштето каде локален оџа вршеше верски обред. Видеото објавено на социјалните мрежи предизвика бура од реакции кај локалните жители а најзагрижени се родителите на учениците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.