Парис Џексон негира дека е хоспитализирана

Ќерката на починатиот американски пејач Мајкл Џексон, актерката Парис Џексон, го обвини интернет таблоидот TMZ за ширење лаги многу брзо по објавувањето на веста за нејзиното хоспитализирање поради обид за самоубиство.

Под соодветната објава на TMZ на Twitter, Парис Џексон во нецензураните реакции ги обвинува медиумите за непристојност и лаги. Актерката не појаснува во што објавата на порталот не соодветсвува со реалноста.

Претходно во саботата беше објавено дека актерката е под постојан лекарски надзор и оти нејзината состојба се оценува како стабилна. Порталот во подоцнежна објава наведува дека за Џексон се грижи приватен лекарски тим во нејзиниот апартман во Лос Анџелес и притоа објавува фотографии на кои таа е со јакна со натпис со порака дека е „добро“.

Претходно порталот објави дека Парис Џексон била хоспитализирана по обид за самоубиство. Според неговите извори, акетрката можеби била испровоцирана од почетокот на прикажувањето на филмот за нејзиниот татко „Leaving Neverland“ во кој се опишуваат случаите на злоставување малолетници.

Семејството на пејачот, кој почина во 2009 година, ги нарече овие обвиненија кои беа отфрлени во 2013 година од судот поради технички причини – „јавен линч“ и на судот во сојузната држава Калифорнија поднесе тужба против каналот HBO со барање за отштета од 100 милиони долари.

Парис Џексон, како што истакнува порталот, самата не го гледала филмот „Напуштајќи ја Недојдија“. Таа претходно горливо го бранеше својот татко и изјавувапе дека обвинејата за злоставување малолетници се неосновани. Во 2013 година таа, исто така, се обиде да изврши самоубиство, а последните години страдала од депресија.