Парите од Еуростандард банка отидоа во струмички фирми блиски до Заев

Трифун Костовски на прес прес конференција која ја одржа заедно со експерти од Словенија и Хрватска, посочи дека парите кои од Еуростандард банката биле повлекувани како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица, блиски до СДСМ.

На прашањето дали има сознанија каде завршувале парите што биле земени како кредити без покритие, тој рече:

– Најголем дел завршувале во струмички фирми, фирмите на господинот Крмзов, кои се 18-19-20 на број и се занимаваат со – од игла до авион. За мене е непоимливо да имам таков партнер во банката – рече Костовски.

Тој алудираше на познатиот струмички бизнисмен Ристо Крмзов, но рече дека сонего немал никаква врска.

– За Крмзов и неговите фирми и отвореноста на банката кон неговите фирми разбрав во последните дванаесет месеци пред самиот стечај. Сѐ уште ни ми е јасно како Крмзов стана најсилен партнер на Еуростандард банка. Дали блискоста на Петкоски со тогашниот премиер на Владата, Зоран Заев, беше повод за масовна поддршка на секој бизнис од Крмзов, бидејќи бил близок до премиерот Заев како човек и бизнисмен? Секако тука влегуваат повеќе фирми од Струмица блиски до СДСМ. Фирмата „Галафарм“ Скопје, исто така, е секаде присутна во таканаречените позајмици на средства што се одлевале од банката. Тие траги на одлеани пари сѐ уште не се детално откриени – рече Костовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.