Парите од претходните мерки злоупотребени, дали Заев пак го прави истото сценарио?

Во време на економска криза, кога македонската економија треба силно да се поддржи со цел нејзино раздвижување и зачувување на што повеќе работни места, државата ќе дава народни пари со кои ќе се купуваат и странски производи. Наместо за домашни, со што ќе се помогнеше и македонското стопанство, пари од четвртиот сет помош за граѓаните може да завршат за странски производи.

Пред некое време, министерот за финансии, Фатмир Бесими во неколку наврати потврди дека контролата врз трошењето на народните пари ќе ја вршат банките. Додека пак првиот човек во Владата задолжен за економски прашања, односно вицепремиерот, Фатмир Битиќи, сега вели дека трошењето за македонски производи ќе биде оставено на свеста на граѓаните и за тоа нема да има механизам за контрола и превенција.

-Тоа ќе биде препорака до сите кои добиваат финансиски средства парите да ги искористат кај тие компании кои продаваат или даваат услуги од домашно потекло. Сметам дека свеста кај луѓето е на тоа ниво да ги искористат средствата на производи со домашно потекло, наспроти другите производи. Но, секако, доколку имаме исклучоци сметаме дека нема да биде на штета на никого, вели Битиќи за телевизија Алсат.

А, освен помош за граѓаните за купување на основните производи, оваа мерка има за цел и да го поддржи производството на домашните фабрики. Со потврдата дека контрола на трошењето нема да има се отвора прашањето колку од граѓаните ќе бидат совесни и нема да се обидуваат да ги изиграат правилата. Експертите сметаат дека во недостаток на контрола, можноста за злоупотреба е неизбежна.

Универзитетската професорка, Никица Мојсоска за телевизија Алсат истакна дека во земја со релативно висока сива економија, може да се смета дека ќе има нето загуба, во која општеството дава пари, а тие не стасуваат таму каде што треба и каде што даночниот обврзник сака.

-Опасноста би рекла тие пари да не завршат за македонски производи, и за македонските компании, туку напротив да завршат кај увозниците. Овој трошок од мерката зависи од тоа дали е добро таргетирањето, дали евиденциите за лицата и нивните приходи се добри, рече Мојсовска.

Од Министерството за финансии уверуваа дека злоупотребите за оваа мерка се невозможни. Тврдеа дека банките имаат софтвер со кој ќе се следи трошењето на парите и тие податоци ќе бидат испратени до Владата. Потоа, на крајот од годинава ќе се знаело колку од парите примателите на оваа еднократна помош од 6 000 денари, ги искористиле за купување на македонски производи. И покрај тоа што банките немаат таков софтвер, тие не собраа храброст тоа да го кажат и не одговатаат дали ќе ја вршат контролата на оваа мерка, како што најави министерот за финансии Бесими.

Именo во предходните мерки на владата имаше бројни злоупотреби од страна компаниите кои добиваа пари за исплата на плати на вработение, а при тоа парите ги задржуваа за себе. Инаку, овие пари кои државата ќе ги дели на фирмите и, во конкретниот случај граѓаните, се обезбедени преку задолжувања кои во иднина ќе треба да ги плаќаат македонските граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.