Парите што ги зел во „Рекет“ Боки 13 ги пуштил во оптек како легални

Завршен е пописот на привремено одземените предмети од осомничениот Бојан Јовановски Боки 13 во случајот „Рекет“ што го спроведе Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Согласно закон, одземените предмети по извршениот попис се чуваат во Агенцијата за управување со одземен имот, до правосилност на пресудата на осомничениот Јовановски. Доколку обвинетиот се прогласи за виновен, по правосилноста на пресудата одземените предмети со одлука на судот ќе бидат трајно одземени, пишува „Република“.

За Јовановски во моментов се води истрага и за кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, затоа што претходно примените парични средства од кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, ги пуштил во оптек како легално стекнати пари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.