Париз има намера да го блокира отворањето преговори со Скопје и Тирана, тврдат дипломати

Франција планира да го блокира почетокот на пристапните преговори меѓу Европската комисија, од една страна, и Македонија и Албанија, рекле диломати во петокот, во пресрет на состанокот на министрите за европски прашања кои би требало за тоа да разговараат следната семица.

Одлуката да не почнат преговорите ќе претставува удар за двете земји, оценува германската новинска агенција DPA, имајќи предвид дека претходно годинава Европската комисија сопштио дека Скопје и Тирана ги сториле сите потребни чекори за да одат напред во евроатлантските интеграции.

Меѓутоа, Париз тврди дека реформските напори ниту во една од овие две земји не се доволни и бара темелно измена на процесот на пристапување на ЕУ, како предуслова преговорите да започнат, рекол еден дипломатски извор кој барал анонимност. Меѓу другото, Франција наводно процесот на пристапување на Европската унија го смета за премногу технички, и смета дека е тршо да с запре доколку околностите се влошат.

Францускот вето ќе го стави Париз на спротивната страна од Германија и другите земји членки кои веруваат дека е дојдено времето да се отпочнат преговорите со Македонија и со Албанија.

Минатата седмица, претстедателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, рекоа дека ова прашање претставува „тест за Унијата да ги исполни ветувањата и да гледа во иднината. Според нив, во прв ред, „Северна Македонија“ би морала да биде наградена откако лани постигна договор со Грција и го промени своето уставно име.

„Ништо нема да се постигне со натамошно одложување, но многу нешта може да се загубат со создавање стратешки вакууп на југоистокот од европа“, рекол за агенцијата дипломатски извор во Брисел.