Париз изрази жалење за одлуката на Турција за измена на статусот на „Света Софија“

461

Франција жали поради одлуката на Турција за промена на статусот на некогашниот христијански храм „Аја Софија“ од музеј во џамија, изјави во петокот вечерта францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Државниот совет на Турција, навјисокиот управен суд во земјата, во петокот ја поништи одлуката на владата од 1934 година за претворање на „Аја Софија“ во музеј. Веднаш потоа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави дека го потпишал указот за претоврање на некогашниот соборен христијански храм во џамија и започнување на муслимански богослужби во него.

„Франција изразува жалење порди одлуката на турскиот Државен совет за промена на статусот на мизејот на храмот Света Софија и указот на претседателот Ердоган да го предаде под владеење на управата за верски работи“, се наведува во соопштението на француското министерство за надворешни работи.

„Ваквите одлуки го загрозуваат еден од најсимболничките акти на современа и секуларна Турција. Интегритеот на овој религиозен, архитектонски и историски бисер, симбол на слободата на религијата, толеранцијата и различноста, вклучен на листата на светското наследство на УНЕСКО, мора да биде сочуван. Соборот Свет Софија треба и натаму да ја претставува разновидноста на верското наследство, дијалогот и толеранцијата“, се истакнува во писмената изјава на Ле Дриан.

Импозантниот храм „Света Софија“ е подигнат под ктиторство на христијанскиот византиски император Јустинија и осветен е на 27-ми декември 537 година. Храмот повеќе од илјада години бил најголемиот во христијанскиот свет. По освојувањето на Константинопол и падот на Византија под Османлиското царство во 1453 година,храмот е претворен во џамија. Во 1934 година објектот по указ на валдата на основачот на современата турска држава Кемал Мустафа Ататурк е претоворена во музеј кога е симнат гипсот со кој според муслиманските обичаи биле прекриени древните фрески и животописи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.