Париз: Рестрикции во сообраќајот поради огромното загадување

Поради големото загадување на воздухот, француската влада од утре воведува мерки за ограничување на сообраќајот во Париз, воспоставувајќи го системот „пар- непар“ на регистерските таблички на автомобилите.

Премиерот Жан Марк Еро изјавил дека оваа мерка, и покрај потешкотиите кои што ги носи со себе, е неопходна за да ја намали екстремната загаденост чиј што врв се очекува вечерва.

Наизменичниот сообраќај како мерка подразбира вклучување во сообраќај според бројот на регистерски таблички, тестиран само еднаш, во 1997-ма година, кога дала резултати и била добро применета од страна на граѓаните.

Утре на улиците низ Париз ќе се најдат само возилата со непарен број на регистерските таблички. Електричните и хибридните возила без ограничување ќе можат да учествуваат во сообраќајот, но можат и класичните возила доколку превезуваат најмалку тројца патници.