Париз смета дека неплаќањето на Лондон за брегзитот е исто како државен долг

Извор близок на францускиот претседател Емануел Макрон рече во неделата дека неплаќањето на „сметката за разводот“ во износ од 39 милијарди фунти по излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, е исто што и државен долг.

Сумата од 39 милијарди фунти, Лондон би требало да му ги исплати на Брисел како отстапнина поради неисполнувањето на обврските кон ЕУ поради напуштањето на блокот.

„Непочитувањето на обврската на плаќање претставува неуспех во исполнувањето на меѓународните обврски е идентично што и државен долг, чиишто последици се добро познати“, рекол неименуваниот соговорник на Reuters.

Поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон, водечкиот меѓу кандидатите за наследник на Тереза Меј на местото челник на владејачката британска Конзервативна партија, а со тоа и на премиерската должност, изјави во интервју за медиумите дека ќе одбие да ја плати претходно договорената „сметка за развод“ во инос од 39 милијарди фунти, сѐ додека ЕУ на Велика Британија не ѝ ппонуди подобри услови за излегувањето.

Велика Британија ќе ја плати „сметката“ во износ од 39 милијарди фунти единствено кога ќе има „поголема јаснотија“ за постигнување на договор, вели Џонсон во интервјуто за весникот The Sunday Times. „Секогаш сметав дека е многу необично што ние ѕреба да се согласиме да издадеме чек пред постигнувањето на конечниот договор“, вели Џонсон.

Мек поднесе оставака на челното место во Конзервативната партија во петокот, со што се отвори партиската трка за нејзин наследник, но не и парламентарни избори.

Актуелниот шеф на британската дипломатија и еден од кандидатите за нов премиер, Џереми Хант, во неделата изјави дека единствен начин Велика Британија да ги избегне предвремените избори е да се спроведе брегзит со договор со ЕУ. „… Доколку успееме да постигнеме договор, тоа е единствениот начин да избегнеме избори“, рече Хант за Sky News.

Хант, како и министерот за земјоделство Мајкл Гоув, и минситерот за внатрешни работи Саџид Џавид, исто така, кандидати за премиер, сакаат повторно да преговараат или да го модификуваат договорот за брегзитот, но ниеден од нив не се закани со неплажање на сметката која Меј ја договори со ЕУ во 2018 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп точно пред една седмица изјави дека Велика Британија треба да одбие да плати за истапувањето од Европската унија во висина од 39 милијадри фунти и од ЕУ и да си замине од преговорите за Брегзитот доколку Брисел на Лондон не му го даде она што го сака. Во интервјуто за The Sunday Times, објавено пред неговата официјална посета на Велика Британија, Трамп рече и дека следниот британски челник би требало да го испрати жестокиот поборник на брегзитот Најџел Фараж да ги води преговорите со ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.