Париз во страв, затворени Лувр и Ајфеловата кула

Некои од најголемите знаменитости на француската престолнина Париз ќе бидат затворени во сабота поради страв од насилства во текот на демонстрациите на „жолтите елеци“.

Популарните туристички места во Париз во сабота ќе бидат затворени од страф од насилства од најавениот протест на „жолтите елеци“.

Францускиот премиер Едуард Филип изјави дека во текот на денот 89.000 полицајци ќе бидат на должност ширум земјата, а дека во Париз ќе бидат распоредени оклопни возила.

Полицијата апелираше до продавниците и рестораните на Елисејските полиња тој ден да не работат, а ќе бидат затворни и некои музеи.

Во Париз минатата сабота избија жестоки судири на демоснтрантите и полицијата, најголеми во последната деценија.

Владата потоа соопшти дека се откажува од одлуката која предизвика демонстрации – зголемување на таксата за дизел гориво.

Но, протестите не престанаа, а граѓаните сега се бунат за низа проблеми.

Од Министерството за надворешни работи на Франција за АФП истакнуваат дека власта се подготвува за „големо насилство“ во сабота.

Премиерот Филип во интервју за ТВ каналот ТФ1 изјави дека 8.000 полицајци ќе бидат пратени во Париз, како и десетина оклопни возила.

Повтори апел се да помине мирно, но додаде: „Се соочуваме со луѓе кои не се тука да протестираат, туку да кршат и не смееме да дозволиме да прават што сакаат„.

Филип рече дека владата е отворена за воведување нови мерки со кои би им помогнала на слабо платените работници.

Управата на Ајфеловата кула соопшти дека поради опасност од насилство во сабота нема да може да ги исполни адекватните услови за безбедност. Градксите власти велат дека ќе ја зголемат заштитата на познатите туристички места, откако Триумфалната капија беше оштетена минатата недела.

Министерот за култура Френк Ристер изјави дека ќе бидат затворени музеите Лувр и Орсеј, како и Операта.

Но можете да ризикувате кога знаете дека постои опасност, рече за телевизијата RTL.

Полицијата побара од сопствениците на продавници и ресторани на Елисејските полиња и на други главни улици, да не отвораат и да ги тргнат сите маси ис толици од улица.

Повеќе фубалски наптревари се откажани за сабота.

Младите излегоа на улиците во четвртокот, протестирајќи за реформата на образованието.

Повеќе од 140 луше беа упасени на протестите кои завршија сос удир со полицијата, додека десетина училишта беа блокирани во Марсеј, Нант и Париз.

Учениците се разбеснети поради плановите на претседателот Емануел Макрон да ги промени условите за последниот испит на крај на школото, бакалерат (baccalaureate), потребен за упис на факултет.

Критичарите наведуваат дека реформите ќе ги ограничат можностите на учениците и ќе постигнат нееднаквост.

Таканаречените „жолти елеци“, демонстранти кои носат жолти флуоресцентни елеци кои возачите ги имаат во автомобилите, прво се бунеа поради зголемување на таксите за дизел горивото.

Маркон рече дека неговиот мотив за зголемување била заштита на животната средина.

Владата подоцна го сопре планот, но жолитите елеци не се смирија.

Минатата недела, движењето покрај тоа што нема лидери, и прати на владата повеќе од 40 барања.

Пртестите се организираат преку социјалните мрежи и ги опфаќаат сите страни на политичкиот спектар, од анархисти до крајна левица, од националисти од крајната десница, до оние умерените кои се измеѓу.