Парламентарни избори во Либија на 25 јуни

Државната изборна комисија во Либија објави дека на 25 јуни ќе се одржат парламентарните избори за нов состав на Националниот конгрес, соопштува АП.

Објавата за распишаните парламентарни избори следела по одржаниот состанок на локација која се сметала за тајна, а подоцна била погодена од ракета, но за среќа никој од присутните не е повреден.

Либискиот генерал, Халиф Хифтер, започна со вооружена кампања чија цел е воспоставување на стабилност по три години, откако е убиен Моамер Гадафи во 2011 година.

Хифтер кампањата ја започнал со цел да воспостави мир во државата, а потоа и се изјасни дека ќе се кандидира за претседател.