Парламентите во Донецк и Луганск ги ратификуваа договорите со Русија

Двата одметнати проруски региона во источна Украина во вторникот го запечатија договорот за потесна соработка со Русија, откако претседателот Владимир Путин со челниците на Донецк и Луганс во понеделникот во Москва ја потпиша одлуката за признавање на независноста на двата региона, заедно со договорите за пријателство и соработка.

Парламентите на смопрогласените Донецка народна република (ДНР) и Луганската народна република (ЛНР) ги ратификуваат договорите за „пријателство, соработка и заемна помош“ со Русија на засебни седници со заглушувачки овации на пратениците, пренесува германската новинска агенција DPA.

Според еден таков договор, Русија има право да гради воени бази на териториите на Донецк и Луганск, но заменикот на рускиот министер за надворешни работки Андерј Руденко за руската приватна новинска агенција Интерфакс рекол дека за такво нешто воопшто било дискутирано.

На итната седмица на парламентот во Донецк сите 87 присутни пратеници гласаа за усвојување на законот за ратификација на договорот. Собранието во Луганск, исто така, едногласно ја одобрила ратифакцијата на договорот со 47-те присутни пратеници, пренесе агенцијата РИА:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.