Парламентот на Венецуела одобри договор кој овоможува странска воена интервенција

веВенецуелското Народно собрание, во коешто мнозинството го има опозицијата, го одобри во вторникот враќањето на Венецуела во Меѓуамериканскиот договор за заемна помош (TIAR), кој овозможува легална евентуална странска воена интервенција во оваа јужноамериканска држава каде опозицијата се надева на помошта на САД да го смени левичарскиот претседател Николас Мадуро.

Текстот е „едногалсно одобрен и потпишан“, нејасно изјави претседателот на венецуелскиот парламент Хуан Гуаидо, кој во јануари годинава по сигналите од Вашингтон се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела, по гласањето на седмицата во Каракас.

Со ова Венецуела се враќа во договорот TIAR, познат и како Договрот од Рио, седум години откако од него истапи починатиот претседател Уго Чавез. Од договорот истапија и Боливија, Еквадор и Никарагва, кои го сметаат за средство за ширење на влијанието на САД во Латинска Америка. Овие земји се повлекоа во 2012 година, оценувајќи дека договото ги покажал своите слабости во 1982 година во текот на Фокландската вијна меѓу Аргентина и Велика Британија, кога САД декларативно беа неутрални.

Клучна одредба од договорот, кој го ратификуваа повеќето американски земји на почетокот од некогашната блоковска Студена војна, е онаа од членот кој вели дека нападот на една држава се смета како напад врз сите.

Гуаидо, образуван во САД и кого за привремен претседател го признаа педесетина земји главно сојузници на Вашингтон не ја исклучува можноста од повикување странска воена интервенција за да го собори Мадуро од власт, откако пропаднаа обидите на страна на опозицијата да ја привлече војската и полицијата. Опоицискиот челник го нарекува Мадуро „узурпатор“, бидејќи тврди дека изборите на кои лани победи социјалистичкиот челник биле „нечесни“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.