Парламентот убедливо го усвои законот на Џонсон за брегзитот

Пратениците во Долниот дом на британскиот парламент го усвоија во петокот со 358 гласови „за“ и 234 „против“ законот предложен од премиерот Борис Џонсон за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија што го овозможува завршувањето на ткн брегзит на 31-ви јануари 2020 година.

Законот го оневозможува продолжувањето на преодрниот период, во текот на кој Велика Британија мора да се придржува до повеќето европски регулативи, а кои ќе траат до крајот на 2020 година.

„На оваа точка брегзитот ќе биде објавен, ќе биде готово. Тажна приказна од минатите три години ќе дојде на својот крај и ние ќе можеме да одиме натаму“, изјави во своето обраќање пред пратениците премиерот Боирс Џонсон пред гласањето.

Законот го зацврстува предизборното ветување на Џонсон дека брегзитот официјално започнува на 31-ви јануари, како и да се преговара за договорот за идните односи со ЕУ до крајот на следната година. Досега трипати беше одложуван брегзитот откако на 23-ти јуни 2016 година Британците на референдум се изјаснија за напуштање на ЕУ.

Џонсон додаде дека законот „утре отвора нов пат за договорот за идниот однос со нашите европски соседи заснован на амбициозниот договор за послободна трговија“. Претходно во четвртокот го претстави радикалниот план за работа на својата нова влада кој предвидува брз брегзит, нови трговски договори и преобразување на земјата за да се оправда довербата на гласачите кои му овозможија убедлива изборна победа.

Само една седмица откако Конзервативната партија на Џонсон го освои најголемот парламентарно мнозинство од времете на премиерката Маргарет Тачер во 1987 година, говорот на кралицата Елизабета Втора откри детали од планот на премиерот за земјата по повеќе од трите години сагата наречена брегзит.

Џонсон сака да ги исполни очекувањата на гласачите од северна и централна Англија кои гласаа за него наместо Лабуристичката партија за којашто традиционално гласаат. Меѓу ветувањата се зголемувањето на потрошувачката за здравството, повисоки казни за насилните кривични дела и јакнење на работничките права, а главниот приоритет се состои во неговиот предизборен слоган дека ќе го „спроведе брегзитот“, што потвврдува сега дека ќе ја изведе Британија од ЕУ на крајот од следниот месец.

Порача дека повеќе нема да дозволи одложувања и ја исклучи можноста од продолжување на преодниот период по 2020 година, до кога би требало да бидат договортени спогодбите за слободна трговија со ЕУ. Даде до знаење и дека паралелно ќе преговара за слободната трговија и со други земји.