Парма на гости ја совлада Џенова, возбудливо но без победник во Торино

Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 30 November 2020. ANSA/LUCA ZENNARO

Во последните дуели во понеделникот вечерта од деветто коло на италијанската фудбалска лига Парма на гости со 2:1 ја победи Џенова, додека Торино и Сампдорија одиграа без победник 2:2.

Творец на победата на Парма на стадионот „Луиџи Ферара“ беше Жервињо со погодоците во 10 и 47 минута. За Џенова, за која македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев ги одигра поледните дваесетина минути, стрелец во 50 минута бепше Елдор Шомуродов.

Со оваа победа Парма барем засега се оддалечи од опасната зона и е 16-та со девет бодови, додека Џенова е претпоследна 19-та со само пет бодови, и се чини дека како и минатата сезона до последното коло ќе се бори да го задржи статусот во Серија А.

Торино и Сампдорија одиграа возбудлив меч кој заврши без победник и со четири погодоци. Куриозитет е што и двата тима на овој меч беа без своите први тренери, кај Торино Марко Џампаоло поради зараза со коронавирусот, а стратегот на Сампдорија, Клаудио Раниери поради казна натпреварот го следеше од празните трибини.

Андреа Белоти во 25 минута ги доведе домашните во водство и Торино на одмор замина со минимална предност. Меѓутоа, кон средината на вториот дел гостите направија резултатски пресврт, откако во 54 минута прво израмни Антонио Кандрева а потоа водството го донесе Фабио Кваљареал во 63 минута. Сепак, домашните сочуваа бод, благодарејќи на голот во 77 минута на Суалихо Мелите.

Торино и натаму е во зоната на испаѓање, 18-ти е со само шест бодови, додека Сампдорија со 11 бодови е на 11-то место на табелата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.