Парма ќе игра во Серија А следната сезона, но ќе почне со пет поени во минус, објави Итaлијанската фудбалска федерација. Повратникот во елитното друштво беше под истрага за наводна вмешаност на Емануел Калај во исходот на натпреварот со „Специја“ минатата сезона.
Пред последниот натпревар во Серија Б, Калајо испратил СМС порака до двајца поранешни соиграчи од „Специја“ и ги замолил да не се „трудат премногу” во тој меч.
„Парма“ го победи натпреварот со 2:0 и обезбеди пласман во елината италијанска лига трет пат по ред.
Калајо беше суспендиран од фудбалот две години поради неговиот потег.