Парнарџиева-Змејкова учевствува на фармацевтска конференција во Хрватска

Директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова учествува со свое излагање на Првата регионална конференција за фармако-економските аспекти на здравствените системи во Југоисточна Европа, која се одржува на 12 и 13 септември 2014 година во Бриони, Хрватска, со наслов „Фармакоекономските аспекти во здравствените системи на Југоисточна Европа“, на покана на Европскиот центар за мир и развој (ECPD) при Универзитетот на ОН во рамките на ECPD.

На овој стручен собир свои презентации имаат и Синиша Варга, министер за здравство на Хрватска, Златибор Лончар, министер за здарвство на Србија, Миодраг Радуновиќ, министер за здравство на Црна Гора, Русмир Месиховиќ, министер за здравство на Босна и Херцеговина и директорите на фондовите за здравство на земјите од регионот, високи претставници на меѓународните тела за здравство, Арне Бјорнберг, претседател на Евро индексот за здравство (EHCI), претставници на академската фела, Коснод Каве, Школа за јавно здравство, универзитетот на Јејл, САД, Клаус-Дирк Хенке, Институт за економија и трговско право на Техничкиот универзитет, Берлин, Германија и бројни еминентни експерти во сферата на здравството од Шведска, Германија, Соединетите американски држави и реномирани експерти од регионот.

Овој стручен собир е најголем од овој вид во Југо-источна Европа во однос на претставување на преземените реформи во здравствените системи во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.