„Парни ваљак“ ја откри замената на Аки Рахимовски

Иако долго се „шушкаше“ кој би можел да биде новиот фронтмен на бендот, „Парни ваљак“ официјално ја објави информацијата за музичарот кој ќе го замени легендарниот Аки Рахимовски.

„Мојата глава, моите правила подвиг. Игор Дрвенкар, четврток, 23.3. во 12:00 часот. Премиера на нашата нова песна на радио станиците низ регионот и видео на нашиот канал на Јутјуб“, објавија на нивната официјална страна и со тоа потврдија дека отсега ќе настапуваат со пејачот Игор Дрвенкар.

Игор пееше во различни бендови, а се обиде и во неколку мјузикли, меѓу кои „Jesus Christ Superstar“, „Resurrected“ и „Beauty and the Beast“. И претходно се шпекулираше дека Игор ќе биде новиот фронтмен на бендот, но сега бендот ги потврди гласините.

Легендарниот музичар Аки Рахимовски почина лани во јануари на 67-годишна возраст.