Парондо не е селектор на Египет

Некогашниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо нема повеќе да ја води репрезентацијата на Египет.

Шпанецот од 2019 беше предводник на „фараоните“ со кои имаше одлични резултати, освои две титули на првенствата на Африка, потоа четвртото место на ОИ во Токио, а на СП во 2019 и 2021 година ги однесе до седмата позиција.

Причината за разделбата е тоа што Парондо не секаше целосно да му се посвети на Египет, односно сакаше да продолжи да работи и на клупско ниво каде ја продолжи соработката соо бундеслигашот Мелзунген.

-Сакавме селекторот да се посвети само на репрезентацијата, но тој одлучи да го продолжи договорот до 2025 година со Мелсунген пред почетокот на СП. Решивме да не го продолжиме договорот и поради тоа што целта беше да се игра полуфиналето, -се вели во соопштението на генералниот секретар на федерацијата, Амр Салах.