Парондо прогласен за тренер на годината

Специјализираниот портал за ракомет „Handball-planet“ спроведе гласање во кое учествуваа новинари и навивачи од 22 земји. Со 71 отсто освоени гласови за најдобар тренер избран е Роберто Гарсија Парандо, поранешен кормилар на Вардар, сега репрезентацијата на Египет.

Со овој тренер Вардар ја освои Лигата на шампионите. Ова е втор пат тренер на Вардар да освои вакво признание по она на Раул Гонзалес во 2017 година.

Зад него завршија Талат Душебаев, Николај Јакобсен и други.

За најдобар играч е прогласен Микаел Хансен.