Партијата на холандскиот премиер Руте води на парламентарните избори

Холанскиот премиер Марк Руте е на пaт да го сотвои четвртиот мандат покажуваат првите излезни анкети спроведени во средата според кои негвотра конзервативна партија води на парламентарните избори.

Партијата за слобода и демократија (VVD) на актуелниот премиер Марк Руте би требало да освои 35 од 150-те мандати во долниот дом на парламентот, односно два мандата повеќе од минатите избори во 2017 година, со што го зема мандатот за формирање нова коалициска влада.

Второто место според излезната анекта на институтот Ipsos сосема неочекувано го зазела проверопската социјал-либерлана партија Демократио-66 (D-66), со 27 пратенички места. Тоа е за осум пратеници отколку во 2017-та, кој воедно беше и историски најдобриот резултат на партијата. Предизборните анкети на D-66 ѝ предвидуваа 17 до 19 мандати и трето или четврто место во изборната трка. Сепак, последните денови партијата остро го зголеми својот рејтинг, благодарејќи во прв ред на на успешните настапи во изборните дебати на нејзиниот лидер Сигрид Каг.

Третото место го освојува според анкетите крајно десната Партија на слободата (VV) предовдена од Герт Вилдерс. Тоа претставува губење на три пратенички мандати во однос на минатите избори.

Одѕивот на гласачите бил 81 отсто, во однос на 82 проценти пред четири години. Прелиминарните резултати од изборете, по пребројување на најмалку 50 отсто од гласачкиот материја, би требало да бидат познати во текот на ноќта. Броењето на гласовите би требло да заврши до 18-ти март, а официјалните резултати ќе бидат соопштени од Изборната комисија на 26-ти март.

Според овие првични разултати се чини дека формирањето на владејачката коалиција повторно ќе биде проследено со сложен процес на меѓупартиски преговори. Во моментов се чини дека на Руте за формирање коалиција ќе му бидат потребни уште најмалку две партии за да добие мнозинство од 76 манадати во холандскиот мандат и да стане премиер со најдолгиот стаж во историјата на земјата.

Холандија е првата економски силна земја од Европската унија која одржа избори во текот на пандемијата на коронавирусот, а гласењето поради спречување на ширењето на заразата траеше три дена. Ранливите групи и постарите, на коишто им е овозожено гласање по пошта и преку овластено лице, гласаа првите два дена од изборите а другите, во средата, третиот и последен ден од изборите.

Изборите се сметаат и за референдум за владиното управување со пандемијата на Covid-19, во која во Холандија починаа над 15.000 луѓе, а полицијата повеќепати се судираше со противниците на рестриктивните мерки. Главните ривали на Руте го критикуваа бавното напредување на вакцинацијата, но тешко можеа да се прикажат себеси како поинакви од владата, бидејќи всушност ги подржуваат нејзините политики во текот на кризата.