Партијата на израeлските Арапи ја повлече поддршката за владата поради судирите во Ерусалим

Партијата Раам, на израелските Арапи, го прекина во неделата ноќта свето учество во коалициската влада на премиерот Нафтали Бенет поради насилствата во Стариот град во Ерусалим.

Нафтали Бенет на премиерската должност ланскиот јуни го замени најдолговечниот изралески премиер Бенјамин Нетанјаху, обединувајќи разнородна коалиија во којашто париципираат партии од левицата, од центарот и од десницата, но и Раам, првата арапска партија во историјата на Израел која станува член на коалициска влада. Благодарејќи на поддршката од Раам, коалцијата доби 61 пратеник, колку што е потребно за мнозинство во Кнесетот, односно израелскиот парламент.

Раам и нејзините четири пратеници во соопштението од ноќта во неделата наведуваат дека „повеќе не ја поддржуваат“ коалицијата, поради судирите меѓу изралската полиција и палестинските демонстранти во коишто во петокот се повредени повеќе од 150 Плестинци и уште дваесеттина во неделата на Платото на џамијата, третот свето место во исламот.

Платото на џамијата, како што го нарекуваат муслиманите и Палестинците, односно Брдото на храмот за јудаистите и Евреите, е сместен во историското јадро Стариот град во источен Ерусалим, палестински сектор кој меѓународната заедмица го смета за окупирана територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година.

„Доколку владаа продолжи со своите произволни мерки (на Платото на џамијата), ќе поднесеме колективна оставка“, предупредуваат од партијата Раам во соопштението за јавноста.

Прекинот на учеството на Раам во коалицијата нема краткорочно да влијае врз владата на Бенет, бидејќи Кнесетот не заседава до 5-ти мај. Сепак, премиерот во меѓувреме се обидува да ја смири ситуацијата и да ја стабилизира коалицијата, изјавиле за AFP политичари од Ерусалим.

Владата на почетокот од парил го загуби мнозинството во парламентот по заминувањето на пратеничката од радикалната десница. Својот потег го објасни со владината одлука во текот на Пасха, еврејскиот Велгиден, во болницата да одобри делење на „хамец“ (јадење при чија подготовка се одвивал процес на ферментација, вклучително и леб со квасец – з.р.), што е спротивно на традицијата, односно Тората забранува употреба на „хамец“ и „сеор“ во храната во сите денови на Пасха.

Партијата Лукид, на поранешниот премиер Нетанјаху, во неделата повторно ги повика пратениците од коалицијата да ја напуштат владата и да формираат „десничарска влада“ во којашто ќе бидат партиите на ортодоксните јудаисти и од крајната десница.

„Кога Евреите повеќе не можат безбедно да одат низ Ерусалим во текот на Пасха (…) некои пратеници од десницата во коалицијата сфаќаат дека оваа влада стасала до крајот на својот пат“, соопштија од Ликуд откако група Палестинци во неделата со камења гаѓаа израелски автобуси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.