Партијата за движење на Турците ја напушта коалицијата со СДСМ

Партијата за движење на Турците (ТХП) одлучи на локално ниво во Радовиш да го напушти владејaчкото мнозинство, јави МКД.МК.

Оваа партија има едно пратеничко место, како дел од владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ.

Во иднина, советникот на ТХП Јашар Сулејман ќе дејствува надвор од советничката група на актуелното мнозинство, соопшти партијата.

„Ваквата одлука е резултат на крајно деградирачкиот однос и многубројните закани на градоначалникот на општина Радовиш и локалните „шерифи“ кон турската заедница. Турската заедница како и сите други има потреба од инфраструктура, и со години турските населени места беа заборавени. Како партија на власт која се води од концептот едно општество за сите нема да дозволиме локални структури да го „урнат“ тој концепт.