Партијата за движење на Турците останува дел од владинaтa коалиција

По завршувањето на првиот круг од локалните избори, од Партијата за движење на Турците (ТХП), соопштија дека со иста посветеност продолжуваат со изборните активности за вториот круг.

-Како единствена прогресивна партија на турската заедница во Република Македонија, остануваме доследни на нашите политички определби, кои се втемелат на демократските вредности и принципи. Здравата иднина на нашата земја, како и општата благосостојба на граѓаните секогаш биле и ќе останат приоритет на ТХП. А со таа цел, без никакви калкулации, остануваме дел од владиното мнозинство и веруваме дека со повеќе напори ќе успееме да ги коригираме недостатоците и ќе ги оправдаме очекувањата на граѓаните – соопштија од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.