Партиите и синоќа не постигнаа договор

Партиите и на синоќешната рунда разговори во Клубот на пратениците не постигнале согласност околу отворените прашања од Договорот од Пржино.

Дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, објавија дека главните несогласувања меѓу партиите се околу ингеренциите на новите министри и заменици министри што треба да ги предложи опозицијата. Според Договорот од 2 јуни и 15 јули, рокот за избор на нови министри за внатрешни работи, за труд и социјална политика, како и заменици министри во ресорите финансии, земјоделство и администрација и информатичко оштество, истече ноќеска на полноќ.

Медијаторот во работните групи, Питер Ванхауте пред почетокот на синоќешната средба изјави дека на маса ќе бидат законите за влада, за т.н. „свиркачи“ и за прислушуваните материјали.

Комплетирање на тимот на Јанева е условот што го постави опозицијата за продолжување на разговорите околу другите прашања меѓу кои и Изборниот законик, за кој, како што информира европскиот посредник во меѓупартискиот дијалог Питер Ванахауте, е постигната согласност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.