Партијата Брегзит во водство за изборите за Европскиот парламент

Партијата на водечкиот британски евроскептик Најџел Фараж – Брегзит, би освоила најмногу гласови, околу 27 отсто, на британските избори за Европскиот парламент, многу повеќе од Конзервативната партија на премиерката Тереза Меј, според испитувањето на јавното мнение објавено во средата.

Партијата Брегзит е пет процентни поени пред Лабуристичката партија која има 22 отсто поддршка од испитаниците, а пота следат Конзервативната партија со 15 отсто и Зелената партија со 10 отсто, покажуваат резултатите од анкетата што ја спровел YouGov за весникот The Evening Standard.

Велика Британија, според резултатот од референдумот од 23-ти јуни 2016 година, требаше да ја напушти Европската унија на 29-ти март, но бидејќи пратениците не се согласија со планот за раздружувањето што го испреговара премиерката Тереза Меј со Брисел, рокот е одложен до крајот на октомври.

Гласачите во 28-члената Европска унија на изборите за Европскиот парламент ќе гласаат од 23-ти до 26-ти мај,

Анкетата YouGov ја спровел на 1.855 возрасни лица низ цела Велика Британија на 15-ти и 16-ти април. Резултатите ги исклучуваат оние кои одговориле дека нема да гласаат, дека не знаат уште за кого ќе гласаат или одбиле да одговорат.

На последните европски избори во 2014 година, Партијата за независност на Обединетото Кралство (UKIP) која во тоа време ја водеше Најџел Фараж, беше на првото место во Велика Британија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.