Партијата на Самка Ибраимовски ги повика Ромите да бојкотираат бидејќи СДСМ ги дискредитира!

Се растурија пред да се соберат. На едно место собрани аболицирани криминалци, убијци, осомничени за тероризам, финансиски криминал и што ли уште не, го искористија и тој малку народ што им веруваше за на крајот тие да си се наместат, а членството и коалиционите партнери да ги пуштат низ вода, пишува Инфомакс.

По оставката на Куновска, Николовски и Сугаревски кој му порача на Заев дека ги изневерил, гласни се и реакциите на тврдокорните опозиционери од новинарската фела и од таканаречениот „граѓански“ сектор, кои буквално беа „коњи за трка“ без кои Заев немаше реално да постигне ништо.

Последна во низата реакции и напуштање на политиките на Заев е и партијата на Самка Ибраимоски чиј потпретседател излезе со соопштение на кое најавува растурање на коалицијата и ги повикува Ромите да не гласаат за СДСМ.

agus_demirovski