Партиската лојалност кон СДСМ е пресудна: Именуван полициски началник осомничен за изборен криминал

Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за началник на СВР Куманово го постави скандалозниот Стојанче Величковиќ, со што всушност продолжува скандалозната практика на СДСМ своите партиски функционери и актвисти во некои случаи и со директно крешење на законите да ги именува на раководни позиции.

Давање на пари за купување на гласови на граѓаните од ромска етничка заедница во кумановското Ромско маало било повод за предистражна постапка која ја покрена Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против началникот на кумановската полиција Стојанче Величковиќ. Ноќта на 13 декември 2016 година, инспекторите со наредба на Судот, а по налог на Јавното обвинителство вршеа претрес во домот на началникот.

„Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање. Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – злосторничко здружување; и злоупотреба на службената положба и овластување од кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност“, беше истакнато тогаш во соопштението на Јвното обвинителство.

Така, Стојанче Величковиќ иако го наруши угледот на Министерството за внатрешни работи, не само што не беше казнет од партискиот лојален пријател Оливер Спасовски, туку со доаѓање на функција министер овој го награди со поставување за началник на СВР Куманово.

Величковиќ инаку на началничкото место беше поставен и во декемри 2015 година, во времето кога Спасовски беше технички  министер за внатрешни работи, кога дојде од раководител на смена на караулата Гошинце, а од МВР наведуваа дека „како професионалец работел на повеќе работни места во полицијата“.