Партиски чистки во АРМ по мерак на Шеќеринска?!

1830

Во пресрет на најавени избори, во АРМ продолжуваат смените на високите офицери, дознава НетПрес.

Нашите извори велат дека последната смена која е направена од страна на министерот за одбрана, Радмила Шеќеринска, е на командантот на воздухопловната бригада.

Имено, досегашниот командант полковникот Роберт Малезански е разрешен од должноста и на негово место е поставен новоунапредениот полковник Стојко Пејовски. Причината за смена на досегашниот командант се барањата од страна на неговите пилоти за зголемување на платите, односно изедначување со платите на пилотите во МВР. Овие барања командантот ги испратил до Шеќеринска, која веднаш следниот ден донела одлука да го смени командантот Малезански.

Инаку, во армиските кругови се шпекулира дека новиот командант наводно нема завршено соодветно највисоко војничко образование за да биде поставен на командна должнист, но и дека е партиски близок токму на Шеќеринска и нејзината партија и од тие причини го изместил поранешниот командант, кој инаку е школуван и обучуван за оваа должност во НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.