Партиските лидери на средба со Хан, Вајгл, Кукан и Ховит

Хан пристигна во Скопје - ќе се откочат ли преговорите?
Хан пристигна во Скопје - ќе се откочат ли преговорите?

Во тек е средба на партиските лидери со еврокомесарот Хан и европратениците Вајгл, Кукан и Ховит.

Лидерите на ДУИ Али Ахмети  и на ДПА Мендух Тачи попладнево им се придружија на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев на разговорите со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, јавува МИА.

Еврокомесарот Хан со тројцата пратеници на ЕП ги започнаа разговорите со лидерите на партиите претпладнето. Најнапред во мисијата на ЕУ во Скопје тие се сретнаа со Ахмети и Тачи, а потоа во резиденцијата на ЕУ имаа  одвоени средби со лидерите на СДСМ и на ВМРО, Заев и Груевски.

Ахмети на средбата е придружуван од пратеникот Артан Груби, Тачи од Имер Алиу, Груевски од министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за здравство Никола Тодоров, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а попладнево им се приклучи и координаторот на пратеничката група Илија Димовски. Зоран Заев на средбите присуствува придружуван од Рената Десковска и Радмила Шекеринска.

На средбите присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија Аиво Орав и Џес Бејли.

Лидерска средба за спроведување на договорот од 2-ри јуни
Лидерска средба за спроведување на договорот од 2-ри јуни

Еврокомесарот Хан и пратениците на ЕП дојдоа на денешните разговори во Скопје по неуспехот на преговорите за излез од политичката криза меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии во земјата.

Основа за постигнување конечен договор, како што велат од ЕК, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.

Сеуште не е познато каков ќе биде исходот од денешните средби и дали ќе има конечен договор за излез од политичката криза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.