Партиските вработувања главна тема на социјалните мрежи – Мира Дизел најголема инспирација

Стојчевска во изјава за медиумите кажа дека не знаела дека син и' аплицирал на огласот за вработување во ЕЛЕМ. Тоа подоцна го разбрала.

Не стивнува бранувањето во јавноста предизвикано од еклатантни примери на непотизам и вработувања по партиска линија на државна сметка.

Социјалните мрежи се преполни со негодувања, но и со по некој хумористичен коментар, како отслика на сета мизерија на што во моментот е сведена целата општествена ситуација во земјава.

Како најголема инспирација во моментот на социјалните мрежи е пратеничката на СДСМ,  Мира Стојчевска (позната по прекарот Мира Дизел), чиј син Виктор Стојчевски деновиве е вработен во ЕЛЕМ, а нејзиниот брат, Цветан Велевски, во РЕК Битола. Таа во изјава за медиумите кажа дека не знаела дека син и’ аплицирал на огласот за вработување во ЕЛЕМ. Тоа подоцна го разбрала.

 

Денеска, порталот „А1он“ објави и дека сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ веќе еден месец е вработена во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница. Работното место на Мерсида Рамчиловиќ е релативно висока позиција во писарницата според систематизацијата на МВР. Пратеникот Рамчиловиќ е дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Твитер „збесна“ по изјавата на министерот Манчевски дека не постои непотизам