Партизан и Будуќност го соборија рекордот на АБА лигата

Натпреварот од 19-то коло на регионалната кошаркарска АБА лига, белградски Партизан и подгоричка Будуќност во белградската „Штарк Арена“ го следеа 16.531 гледач што е нов рекорд во ова натпреварување.

Мечот беше решен во самиот финиш кога Партизан дојде до предност која Будуќност не можеше да ја стаса 87:82 (19:23, 28:23, 21:19, 19:18). Партизан сега е во водство со соодност на победи и порази 15-4, додека Будуќност е на 14-5.

Претходната рекордна посета во АБА лигата беше во 2020 година во Загреб на финалето меѓу Цибона и Партизан кое го следеа 16.200 гледачи.

На третото место е натпреварот меѓу Партизан и Цедевита од април 2014 година кога на трибините во „Штарк Арената“ имаше 14,210 гледачи.

НАЈГЛЕДАНИ НАТПРЕВАРИ ВО АБА ЛИГАТА

Партизан – Будуќност (09/02/2020 година – 16.531 гледачи)
Цибона – Партизан (25/04/2010 – 16.200)
Партизан – Цедевита (25/04/2014 – 14.210)
Партизан – Цибона (18/04/2009 – 13.328)
Цибона – Унион Олимпија (23/04/2010 – 13.000)
Унион Олимпија – Партизан (21/04/2011 – 12.000)
Макаби Електра – Цедевита (30/04/2012 – 11.000)
Партизан – Црвена ѕвезда (16/04/2009 – 10.750)
Макаби Електра – Цибона (6/10/2011 – 10.000)
Макаби Електра – Будуќност (28/04/2012 – 10.500)