Партизан со пресврт до победа, пораз за Мекејлеб

Кошаркарите на Партизан со пресврт во последната четвртина го совлада Макаби ТА на домашен терен со 72:70 и стигнаа до третиот триумф во Топ 16 фазата во Евролигата. Богдановиќ погоди тројка на дваесет секунди пред крајот, а во завршницата Мусли погоди едно слободно фрлање, по што гостите од Израел не успеаја да постигнат тројка за победа.

Грчкиот Панатинаикос беше подобар од Фенербахче на Лестер Бо Мекејлеб со 76:67. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на шест поени за 25 минути на паркетот. Реал Мадрид и се реваншира на ЦСКА Москва за поразот во Русија, и на домашен терен со 93:79, додека Локомотив Кубан во драматичен меч го победи Жалгирис на гости со 85:86.