Партнерите на САД се закануваат со противмерки за царините, за Трамп трговските војни „лесно се добиваат“

Европската унија и другите водечки трговски партнери на САД луто реагираа на најкавата за воведување царини на увозот на челик и алуминиум од страна на американскиот претседател Доналд Трамп кој во меѓувреме на социјалните мрежи порача дека „трговските војни лесно се добиваат“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот на Twitter објави дека САД се „разорени од нечесната трговија и лошата политија“, најавувајќи 25-процентна царина на увозот на челикот и 10 отсто на увозот на алунимиумот. „Ќе ги објавам следните денови“, изјави потоа Трамп во Белата куќа во текот на средбата со американските производители на челик и алуминиум и додаде дека царините ќе останат на сила „долго време“. Но притоа не наведе на кои земји би се однесувале царините.

Во април минатата година американскиот претседател наредил истрага за состојбата во секторот челик, повикувајќи се на законот од 1962 година според кој Белата куќа е овластена да го ограничи увозот доколку тоа претставува закана за националната безбедност.

Министерството за трговија утврдило во извештајот дека увозот му штети на домашното производство и дека увозот би можел да има влијание врз воената индустрија, пишува врсникот The Washington Times. Одлуката за царините ја носи претседателот и за тоа не му е потребна согласност од Конгресот.

Критичарите, пак, предупредуваат дека царините нема да ги заштитат работните места во САД, и дека во крајна линија ќе резултира со повисоки цени за крајните потрошувачи.

Од јапонскиот производител на автомобили „Toyotа“ уште во петокот порачаа дека царините значително би ги зголемиле цените на автомобилите кои се продаваат на американскиот пазар, издвојувајќи го и нивното неповолно влијание на производителите на автомобили и на добавувачите во автомобилската индустрија.

 

Реакции од ЕУ, Канада, Кина, Бразил, Австралија

Европската унија „остро и пропорционално ќе реагира во одбрана на своите интереси“, порача уште во четвртокот претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и додаде дека Комисијата следните денови ќе ги претстави предлог противмерките на САД, според правилата на Светската трговска организација (СТО – WTO).

Еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром повтори во петокот во Сингапур дека ЕУ би можела да одговори со противмерки доколку американските царини се однесуваат и на увозот на челик и алуминиум од Европа, истакнувајќи дека таквиот американски потег би бил „длабоко неправеден“.

„Расправаме за различни мерки, во дијапазон од изнесување на случајот пред СТО, самостојно или во соработка со партнерите коишто исто така би биле погодени, како и мерки за заштита и можни возвратни мерки. За тоа расправаме интерно во Европската комисија и со нашите земји членки. Ние, се разбира, ништо нема да најавуваме додека не ги дознаеме целосните димензии на мерките“, истакна министерката на ЕУ.

Кина ден по најавата ги повика САД да покажат воздржаност „во употребата на инструментите за заштита на трговијата“. Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Хуан Чунјинг изјави во петокот „Кога сите земји би го следеле примерот на САД тоа недвосмислено сериозно би влијаело врз меѓународниот трговски поредок“.

Канадскиот министер за меѓународна трговија, Франсоа-Филип Шампањ предупреди, пак, на „неприфатливоста“ на можните царински давачки во САД. Канада е најголемиот американски снабдувач со челик и алуминиум. Канадската министерка за надворешни работи Кристиа Фриленд рече дека нејзината земја ќе преземе „реактивни мерки“ доколку САД воведат царини, но не откри поединости.

Бразил, исто така, голем извозник на челик во САД, се закани со „мултилатерални или билатерални“ потези поради заштите на националните интереси.

Австралискиот министер за трговија Стивен Сјобо изјави дека воведувањето на таквите царини би предизвикало нарушување во трговијата „и во крајна линија… би резултирало со губење на работните места“.

 

Трамп: Трговските војни се добри и лесно се добиваат

Американскиот увоз на челик е чувствително поголем од извозот. САД имено увезуваат четири пати повеќе челик отколку што го извезуваат, а им го испорачуваат 100 земји ширум светот.

Од американското министерство за енергетика истакнуваат дека индустријата на челик закрепнува од негативните последици од финансиската криза од 2008 година. И покрај тоа, значително е послаба отколку што беше на почетокот од милениумот. Така, во 2000 година САД произведувале 112 милиони тони челик за во 2016 година епроизводството да потоне на 86,5 милиони тони. Во 2000-та оваа индустрија вработувала 135.000 работници за во 2016-та таа бројка да падне на само 83.600 луѓе, според официјалните податоци.

Ден по најавата за воведувањето на царините, претседателот Трамп објави на Twitter во петокот дека „трговските војни се добри и дека лесно се добиваат“.

„Кога земјата (САД) губи милијарди долари во трговијата со практично секоја земја со којашто тргува, трговските војни се добри и лесно се добиваат. На пример, кога губите 100 милијарди долари со некоја земја а таа се прави паметна, не тргувајте повеќе со неа – многу добиваме. Тоа е барем лесно!“, се наведува во пораката на американскиот претседател.

Најавата за царините ги поттикна цените на акциите на американскит производители на челик и алуминиум, па така цената на акцијата на „U.S. Steel“ поскапе за речиси 6 отсто.

Трамп, исто така, верува дека царините ќе ги сочуваат работните места, но многу економисти велат дека влијанието од зголемувањата за корисниците на челик и алуминиум, како автомобилската и нафтената индустрија, ќе уништат повеќе работни места отколку што ги создаваат ограничувањата на увозот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.