Партнерката на атентаторот од Париз веќе е во Сирија

Хајат Бумедиен, партнерката на терористот од Париз Амеди Кулибали, што нападна еврејски супермаркет, веќе е во редовите на џихадистите во Сирија, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Во нов видео запис на групата „Исламска држава“ се појавува забулена жена, за која се претпоставува дека е Хајат Бумедиен.

Во видео записот џихадистите упатуваат нови закани кон Франција. Меѓу исламистите има забулена жена, вооружена со автомат „Калашников“, што зборува за француски јазик. Се претпоставува дека тоа може да е вдовицата на атентаторот Амеди Кулибали.

Кон крајот на минатата година Хајат Бумедиен заминала од Франција за Мадрид, а на 2 февруари патувала со авион од Мадрид за Истанбул. На 8 февруари според сигналот на мобилниот телефон, турските власти утврдуваат дека таа се наоѓа на сириска територија.