Раководните лица на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ е во потрага по клуб кој ќе одвои сериозна парична сума за аргентинскиот интернационалец, Хавиер Пасторе.
Младиот играч за врска не ги исполни големите очекувања иако за неговите услуги беа исплатени на Палермо рекордни 40 мил. евра.
Повремениот репрезентативец на Аргентина ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 20 мил. евра, а Пасторе во изминатиот период важеше за голема желба на италијанските калчолигаш Милан и Рома.