Патиките на Кание Вест се првите продадени за над милион долари

Патиките на Кание Вест, кои американскиот репер ги носел во 2008 гподина на доделата на музичките награди Греми, се продадени за рекордни 1,8 милиони долари и истовремено станаа првите патики кои се продадени за сума поголема од милион долари, извести во понеделникто аукциската куќа Sotheby’s.

Чифтот патики „ Nike Air Yeezy“ бил прототип за линијата којашто за компанијата „Nike“ во соработка ја осмислиле Кание Вест и дизајнерите Марк Смит и Тифани Бирс. Направени се во единстена чигт сано за самиот уметник и подоцна не се направени. Вест ги носеше на доделувањето на Греми во 2008 година кога ги изведе нумерите „Hey Mama“ и „Stronger“, што на социјалните мрежи предизвика вистинска треска меѓу модните фанатици.

Од Sotheby’s објавија дека патиките, преку приватна продажба, ги купила инвестициската платфорам за вложувања во патики RARES која понудила највисока сума. RARES е лидер во делумна сопственост и на своите корисници им овозожува вложувања во патики преку купување и тргување со акциите.

Со оваа продожба е соборен досегашниот рекорд кога станува збор за продажба на патики, бидејќи е достигната далеку поголем цена од 560.000 долари, колку што Sotheby’s во мај 2020 година постигна за чифтот патики „Nike Air Jordan 1“ од 1985 година, кои ги дизајнираше и ги носеше легендарниот кошаркар Мајкл Џордан. Претходно рекордна сума од 437.500 долари на аукција на Sotheby’s во јули 2019 година постигнаа патиките, исто така, на „Nike“ од 1972 година познати како како „Месечеви обувки“ (Nike Waffle Moon Shoes), а чифтот својот назив го должи на специфичната трага којашто ја остава на земја, а потсетува на отисокот кој во 1969 година го оставиле американските астронаути на Месечината.

Патиките „Nike Air Yeezy 1“ со изработени од црна кожа со беж ѓон, може да се запетлаат преку стапалото и на јазикот ја имаат ознаката „Y“. На приватната продажба одржана од 21-ви до 26-ти април во Хонгонг, преку аукциската куќа Sotheby’s ги понудил њујоршкиот колекционер Рајан Чанг, кој пред повеќе од десет години ги купи на добротворна аукција за поддршка на болница во Орегон.

Вест соработката со „Nike“ ја заврши во 2013 година, а потоа од 2015 година ја продолжи со „Adidas“ кој ги произведува патиките под брендот „Yeezy“. Магазинот Forbes проценува дека брендот „Yeezy“ само минатата 2020 година остварил приход од 1,7 милијарди долари.