Патнички автобуси ја поминаа границата на Русија и Кина првпат од 2020 година

Четири патнички автобуси ја минаа руско-кинеската граница на контролниот пункт Краскино, првпат од 2020 година, соопшти руската царина.

Поради пандемијата на коронавирусот, од февруари 2020 година нема патнички сообраќај преку границата на двете земји.

Два автобуса влегле во Кина, а два во Русија. На 8 јануари, Кина укина голем број ограничувања за коронавирус кои беа во сила од 2020 година, вклучително и задолжителен централизиран карантин и ПЦР тестирање по пристигнувањето од странство.