Патнички кои гризеле авионски пероснал добија највисоки казни

Две патнички во авиони обвинети за „невоздржано однесување“ добиле најголеми казни коишто некогаш ги предложила американската управа за воздушен сообраќај.

Казните кои се изразуваат во пет цифри за двете патнички обвинити за насилство, се дел од газните во висина од два милиона долари изречени оваа година, забележува BBC.

Од почетикот на 2021 година, американските воздушни превозници регистрирале рекорден број патници кои предизвикуваат проблеми во текот на летото и многу инциденти кои вклучуваат и одбивање носење маска. Казните во петокот ги објави министерот за сообраќај Пит Бутиџич.

„Доколку сте во авион, не се однесувајте кретенски и не го загрозувајте летечкиот екипаж и сопатниците. Доколку го правете тоа, ќе ве казни FAA“, изјави Бутиџич во емисијата „ The View“ на американската телвизиска мрежа ABC News.

Во еден инцидент патничка на „American Airlines“, која летала од Тексас во Северна Каролина, мора да плати казна од 81.950 долари поради закана дека ќе повреди стјуардеса. Стјуардесата инаку ѝ понудила помош на патничката откако паднала во преминот во авионот.

Неименуваната патничка тогаш според обвинението ја турнала стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата од авионот. Додека другиот персонал се обидувал да ја заузда, таа повеќепати ги удирала по главите.

„Кога ѝ биле ставени лисиците, плукала, удирала со глава, гризела и се обидувала да ги шутне членовите на екипажот и другите патници“, се наведува во соопштението на FAA за јавноста.

Во друг инцидент, патничка која летала со „Delta Air Lines“ од Лас Вегас за Атланта се обидела да го „прегрне и бакне патникот кој седел до неа, отишла во предниот дел од авионот за да се обиде да излезе во текот на летото, одбила да се врати на своето место и повеќепати гризнала друг патни“, се додава во соопштението.

Оваа патничка, којашто исто така е неименувана, членовите на екипажот физички ја зауздале и сега мора да плати казна од 77.272 долари. Ниеден од овие два инцидента не вклучувал непочитување на мерките за заштита од Covid-19, се додава.

Во јануари 2021 година FAA објави политика на „нулта толеранција“ кон дивите патници и од тогаш изрекла казни во износ од околу 7 милиони дилари.

Забележани се 7.060 инциденти со испади на бес и се наведува дека 70 отсто од нив отпаѓаат на прописот за носење заштитини маски. Но, стапката на инциденти сега паднала за 60 отсто во однос на највисокот ниво минатата година.