Патничка тешко повредена во автобус на ЈСП

Вчера утрината во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Кузман Јосифовски-Питу“ додека А.К.(51) од Скопје се качувала од задната врата во автобус на ЈСП број 35, управуван од З.П.(55) од Скопје, вратата се затворила.

А.К. се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.