Патнички воз се судрил со автомобил, двајца повредени

Како што соопшти МВР вчера во 7:20 часот на делот од пругата помеѓу Ново Зелениково и Орешани, се случила железничка незгода во која  патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки во кое имало две непознати лица.

Двете лица од ударот се здобиле со телесни повреди и со екипа на Итна медицинска помош биле пренесени во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. За време на увидот железничкиот сообраќај од 7:20 до 10 часот бил во прекин.