Патник во Австралија казнет со 1.874 долари, носел сендвич во багажот

Патник кој патувал од Бали за Австралија морал да плати 1.874 долари, откако во неговиот багаж биле пронајдени две непријавени јајца, телешки колбас „Мекмафин“ и кроасан со шунка, појадок од „Мекдоналдс“, пишува „Си-ен-ен“.

Австралиското Министерство за земјоделство, рибарство и шумарство соопшти дека куче трагач открило „низа непријавени ризични производи“, вклучително и производи за брза храна, во ранецот на патникот.

„Ова ќе биде најскапиот оброк што овој патник некогаш го имал“, рече министерот Мареј Ват во изјавата.

„Оваа казна е двојно поголема од цената на авионскиот билет за Бали, но јас немам никакво сочувство за луѓето кои одлучуваат да ги прекршат строгите мерки за биосигурност на Австралија. Овој случај покажува дека ќе ве фатиме“, додал тој.

Инцидентот доаѓа неколку дена откако австралиските власти воведоа строги нови правила за биосигурност поради епидемијата на болеста на рацете, стапалото и устата (ФМД) во Индонезија, која се прошири на Бали, популарна дестинација за австралиските туристи.

„Нема ФМД во Австралија и сакаме така и да остане“, рекол Ват.

Болеста може да се пренесе преку живи животни, во месото и млечните производи, како и на облеката, обувките или дури и багажот на луѓето кои биле во контакт со заразени животни. Експертите проценуваат дека избувнувањето на епидемијата во Австралија може да предизвика економски удар до 80 милијарди долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.