Патот до ски-центарот Кожуф непрооден

Патот до ски-центарот Кожуф е непрооден. На него има наврнaто снег во висина од околу триесетина сантиметри.

До ски-центарот од гевгелиска страна сега се стигнува само со моторна санка или специјална машина за чистење на снег, ратрак, вели Ангел Наков, извршниот директор на ски- центарот кој има седиште во Кавадарци, пренесува МИА.

Тој изрази надеж дека во најкус можен рок снегот ќе биде исчистен и патот од месноста Смрдлива вода кон ски-центарот ќе биде прооден

Наков додаде дека во скијачката населба има над половина метар снег, а на ски-патеките десетина сантиметри повеќе.

-Откако снегот ќе легне и ќе го натапкаме со основна подготовка на патеките, тој ќе биде основна база за годинешнава скијачка сезона, додава Наков.