Патријархот Кирил ги повика Русите да ја поддржат власта

Поглаварот на Руската православна црква, московскиот патријарх Кирил, ги повика во неделата верниците и граѓаните да ја поддржат власта во Русија, пренесува Reuters.

Патријархот Кирил претходно ги бранеше руските воени акции во Украина, за кои оцени дека се заштитен бедем до западните либерални политики за кои смета дека се декадентни.

„Господ нека ни помогне да се обединиме во ова тешко време за нашата татковина, вклучително и околу власта“, рекол 75-годишниот патријарх Кирил во текот на неделната литургија во Москва, според агенцијата Интерфакс.

„Властите да бидат одговорни кон народот, понизни и подготвени да му служат, дури и по цена на сопствените животи“, додал патријархот кој на западот се доживува како близок на рускиот претседател Владимир Путин.

Патројархот Кирил во неделата рекол кога еднаш кога граѓаните ќе се обединат околу власта, „ќе дојде до искрена солидарност и способност да се одбијат непријателите, и надворешните и внатрешните“.